fbpx

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

-

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел.

Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите на политичките партии.

Посетата доаѓа два дена откако ЕУ и САД оценија дека засега не се создадени услови за одржување избори на 24 април и по ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествуваат на преговори на кои ќе посредува белгискиот експерт Питер Ванхауте.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став дека меѓународните претставници не понудиле цврсти докази дека нема услови за избори во април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...