fbpx

Хотелиерите бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи

-

Хотелиерите и граѓаните на Охрид бараат да се почитува забраната за издавање станови на туристи во згради за живеење. Во согласност со измените во Законот за угостителска дејност, општините не смеат да издаваат нови решенија за станоиздавачи во колективни станбени згради за живеење. Во најголемиот туристички центар во земјата, Охрид, такви има 420. На десетици од нив им се истечени решенијата за категоризација, поради што тие законски не смеат да вршат дејност.

Незадоволни, станоиздавачите имаа средба во локалната самоуправа и поднесоа иницијатива до Министерството за економија за промена на спорните одредби од законот, но додека официјално не биде добиена согласност, Општината нема да издава решенија за категоризација, а станоиздавачите не ќе можат да работат легално.

На нивната иницијатива се побунија хотелиерите, но и соседите, во стабените згради кои не гледаат благонаклоно на нив.

Од здружението на хотелиерите (ХОТАМ) велат дека од минатата година се направени измени во Законот за угостителска дејност, поради што на станоиздавачите на кои им се истечени решенијата за категоризација, општината повеќе не може да им издава нови или да им ги продолжи постојните, а што беше потврдено и од секторот за туризам и локален економски развој.

– Ограничувањето за број на соби и на легла е дадено во законот уште од 2004 година и е дополнето во 2008 година, со тоа дека не смее да се издаде повеќе од едно одобрение под еден заеднички покрив. Само што надлежните одлучиле во изминатите години да го игнорираат Законот и да издаваат одобренија свесно кршејќи го законот – појаснуваат хотелиерите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...