fbpx

Хонгконг: За еден ден 18 лица починаа од грип

-

Бројот на жртвите од епидемијата на грип во Хонгконг драстично се зголеми. Во вторникот починаа дури 18 лица, со што бројот на починатите од грип годинава се зголеми на 228. Во Хонгконг во јануари се пријавени 322 сериозни случаи на грип, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Ризичните групи, како што се старите лица, децата и тешко болните, имаат предност при вакцинирање против најраспространетиот вид на вирусот H3N2, најави владата, но вакцината ќе притигне во Кина дури во април.

Иако бројот на починатите се зголемува, опаѓа бројот на новозаразените, вели докторот Леунг Тинг-хунг. Меѓу починатите, повеќето се постари лица на возраст до 85 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...