fbpx

Холандските туристи ја најавија летната сезона во Охрид

-

Претпладнево, првите 180 туристи од Амстердам, Холандија, пристигнаа во Охрид на аеродромот „Св. Апостол Павле“ со чартер-летот на компанијата „Корендон“.

Од „ТАВ Македонија“ истакнуваат дека се презадоволни што чартер-летовите со холандски туристи се реализираат веќе шеста година по ред.

– Очекуваме ова лето „Корендон“ да носи туристи од Холандија, на почетокот со два лета неделно, а потоа во екот на сезоната, во јули и во август, со три лета неделно кон Охрид. Овие чартер-летови, како и трите редовни линии од аеродромот „Свети Апостол Павле“ кон Базел, Лондон и кон Цирих, заедно со новата линија Охрид – Белград, која следниот месец ќе ја воведе „Ер Србија“, заедно со регуларните чартер-летови на „Аркефлај“, исто така од Холандија, ќе придонесат за заживување на охридскиот аеродром, поголем сообраќај, но и за проширен и збогатен прилив на туристи во Охрид. Оние туристи што повторно доаѓаат во Охрид, веќе ги познаваат неговите убавини, а оние што првпат пристигнуваат во Македонија, веруваме дека ќе се воодушеват од природата и од културните знаменитости на македонскиот туристички бисер – рече Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Од „ТАВ Македонија“ велат дека летово во Охрид, преку чартер-летовите на „Корендон“ и на „Аркефлај“, кои почнаа во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат повеќе од 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно се очекува во Охрид да долетаат повеќе од 150 авиони со холандски туристи. Минатата година во периодот од мај до октомври преку „Свети Апостол Павле“ биле превезени повеќе од 80.000 патници.

Од партнер-агенцијата на „Корендон“, компанијата „Фибула ер травел“, гарантираат за врвните услуги кои гостите ги добиваат со години наназад.

– Оваа година ќе биде година каде ќе ги подобруваме нашите услуги, нашиот третман кон луѓето кои доаѓаат од Холандија, ќе ги презентираме убавините што ги има Охрид, заедно со Охридско Езеро и целата нашата држава. Се надевам дека оваа година ќе придонесе да креираме нови клиенти во Македонија за наредните години – рече Ерхан Сулејманоски, претставник на турската компанија „Фибула ер травел“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...