fbpx

Холандскиот политичар Вилдерс не се појави на судењето

-

Почна судењето на холандскиот политичар Герт Вилдерс поради поттикнување омраза и дискриминација и тоа во негово отсуство.

Неговиот адвокат рече дека Вилдерс нема да се појави во судот затоа што смета дека станува збор за политички процес.

– Како политичар, имам право да зборувам за сè – порача Вилдерс.

Лидерот на холандската Слободарска партија го опиша судењето како фарса и обид да се замолчи во пресрет на претстојните избори во март 2017 година.

Тужбата ја поднесоа неколку Мароканци откако Вилдерс на собир во 2014 година побара да се намали бројот на Мароканците во земјата.

Пресудата се очекува во декември, а доколку биде прогласен за виновен, ќе мора да плати парична казна и да добие една година затворска казна.

Вилдерс повеќепати го критикуваше исламот и бараше забрана на Куранот и затворање на сите џамии во Холандија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...