fbpx

Холандија се согласи Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

-

Холандскиот парламент даде зелено светло за отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, јави албанската телевизија „Топ Ченел“.

Според истиот извор, холандските пратеници не се согласиле и Албанија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Според нив, Албанија нема доволно направено во борбата против корупцијата и криминалот.

„Албанија не ги исполни петте приоритети утврдени во извештајот за напредок, бидејќи нема напредок во правните реформи, борбата против корупцијата или борбата против криминалот. Врз основа на овој напредок, не можеме да ги отвориме преговорите за пристап кон ЕУ. Холандската влада не треба да гласа за Европската комисија за отворање на пристапните преговори“, се вели во предлогот од холандскиот парламент.

Холандија и Франција беа двете земји кои одбиваа да дадат зелено светло за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија пред претстојниот Самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 25 јуни во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...