fbpx

Холандија бара Иванов без одлагање да ја повлече аболицијата

-

Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружува на изјавите дадени вчера од страна на Европската Унија и САД, пишува во соопштението испратено од амбасадата.

„Холандија, која во моментов го има претседателството со Советот на Европската Унија, ги повикува сите страни сега да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза“, пишува во соопштението.

Во соопштението стои дека клучните чекори кои треба да се преземат за надминување на политичката криза се, спроведување на реформите кои ќе доведат до слободни, фер и инклузивни избори, овозможување на непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, особено со повлекување на аболицијата на политичарите од страна на претседателот Ѓорге Иванов без понатамошно одлагање.

„Со оглед на тековната состојба, генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик-министер, ќе ја посети Македонија на 19 и 20 мај 2016 година. За време на својата посета, Де Хроут има закажано средби со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерите на четирите политички партии кои се потписници на Договорот од Пржино“, се вели во соопштението на амбасадата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...