fbpx

Хојт Ји: Важно е да се поддржи и да не се опструира Јанева

-

САД се стратегиски партнер на Македонија. Вашингтон како пријател ги следи сите аспекти за одржување на фер и демократски избори на 5 јуни, изјави Брајан Хојт Ји, заменикот помошник државен секретар за Европа и за Азија во американскиот Стејт департмент по средбата со техничкиот премиер Емил Димитриев.

– Доколку сите ги извршат своите обврски, не постојат никакви пречки за одржување на изборите во договорениот термин – рече Хојт Ји.

Тој додаде дека одблиску ги следат специфичните проблеми, а тоа гo вклучува избирачкиот список кој е во процес на прочистување.

– Драго ни е што е почната вкрстена проверка, а исто така ги набљудуваме и реформите во медиумите и улогата на медиумите за обезбедување фер поле за изборите. Одблиску гледаме и на целокупната атмосфера во која гласачите треба да можат да гласаат слободно. Сметаме дека е многу важно сите страни да соработуваат со работата на специјалната обвинителка за нејзината работа да биде без политичка вмешаност и независна – изјави Хојт Ји.

Тој рече дека сите институции и политичките партии треба да ја почитуваат работата на Јанева, а секој кој згрешил и е одговорен за политичката криза во земјава треба да одговара во согласност со владеењето на правото.

– На сите наши состаноци истакнуваме дека е многу важно да се поддржи Специјалното обвинителство, да се поддржи владеењето на правото и да се осигура дека сите официјални претставници ќе одговараат за своите дела во согласност со владеењето на правото. Мислам дека нашата порака е разбрана од сите политички партии и очекуваме да го поддржат Специјалното обвинителство, а ние ќе го набљудуваме тоа и ако забележиме прекршувања или опструкции, ќе дадеме совет како треба да се постапи понатаму – заклучи Хојт Ји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...