fbpx

Хојт Ји, сепак, од утре на средби со Иванов, но и со Џафери и со лидерите на партиите

-

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји утре ќе пристигне во Скопје во дводневна посета при што ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии, и како што велат од амбасадата „претседателот на Собранието Талат Џафери“.

„Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017. Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Дел од политичарите со кои треба да се сретне Хојт Ји се повредени при насилните инциденти во Собранието пред два дена, кога група граѓани присутни на протестот на „За заедничка Македонија“ упаднаа во законодавниот дом при што повредени беа пратеници, новинари, полицајци и граѓани.

На агендата на Хојт Ји не се наоѓа најтешко повредениот пратник, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој со потешки повреди се наоѓа хоспитализиран на КАРИЛ. Наместо со него, Ји ќе се сретне со другиот пратеник од АА Весел Мемеди.

Американскиот државен фукнционер сепак ќе се сретне со претседател на државата Ѓорге Иванов иако претходно беше соопштено дека таква средба нема да има. Од Кабинетот на Иванов пред три дена соопштија дека претседателот поради претходно утврдени обврски е презафатен да се сретне со Хојт Ји, но по насилството во Собранието, од кабинетот на Иванов соопштија дека претходно планираните обврски од агендата на претседателот се откажани, за да може да се одржи евентуална лидерска средба која што тој ја побара ноќта за време на инцидентот во законодавниот дом.

Стејт департментот силно го осуди нападот во Собранието и ги повика македонските власти да ја гарантираат безбедноста на сите членови на Собранието, да го испитаат темелно нападот и да ги повикаат на одговорност тие што извршиле акти на насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...