Еден од главните интереси на САД на Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со другиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина, изјави американскиот заменик на помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји.
Истовремено, тој ги отфрли пишувањата на одделни медиуми дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, додавајќи дека е „задоволен со работата што сега ја извршува“.