fbpx

Хелсиншки најави кривична пријава против Јакимовски поради говор на омраза

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најавија дека ќе поднесат кривична пријава против кандидатот за градоначалник од ГРОМ и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради говор на омраза.

„На 13 октомври 2017 година, на митинг во предизборна кампања, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својот говор користи навредливи и деградирачки зборови за да го „нападне“ противкандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Притоа, посочува на хомосексуалноста, нарекувајќи ја „најопасната мафија“, „мафија која сака да се инсталира во општина Карпош“. Ваквиот говор на кандидатот за градоначалник претставува кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија“, стои во соопштението од Хелсиншкиот комитет, во кое се додава дека на спорниот говор на кандидатот за градоначалник му претходела екстензивна пропаганда против луѓето со различна сексуална ориентација, забележана во печатени материјали низ општината со навредлива и вознемирувачка содржина кон ЛГБТИ-заедницата.

Оттаму го повикуваат Јавното обвинителство да спроведе брза и ефикасна постапка против Јакимовски, а судот да изрече соодветна мерка, со што превентивно ќе се дејствува врз понатамошното ширење говор на омраза.

За кривично дело за кое Хелсиншкиот комитет и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници го товарат Јакимовски, во Кривичниот законик е пропишана казна затвор од една до пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...