fbpx

Хелсиншки комитет ќе има дежурна служба за пријавување нерегуларности

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија извести дека в недела, 15 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори.

Сите што сметаат дека нивното избирачко право е повредено, може да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот на улицата Наум Наумовски Борче, бр. 83, во Скопје или на телефонскиот број 02/3119-073. Пријава може да се поднесе и преку електронско писмо на адресата [email protected], а во него треба да се напише кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на инцидентот.

Граѓаните може да поднесуваат пријави идентификувајќи се или анонимно, но Хелсиншки ќе врши дополнителни истраги за секој случај поединечно.

„Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени за да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од граѓаните што ја пријавиле повредата“, соопшти Комитетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...