fbpx

Хелсиншки комитет: Граѓаните в недела ќе може да пријават повреда на избирачко право

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека в недела, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на референдумското изјаснување.

„Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, кој се наоѓа на улица Наум Наумовски Борче бр. 83. Доколку ви е потребна мапа за локацијата на Комитетот можете да ја најдете на нашата веб-страница http://mhc.org.mk/pages/contact. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да ги пријават и преку отворената фиксна и мобилна телефонска линија: +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436.Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected]“, се вели во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет додаваат дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.

„Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Комитетот и нема да бидат објавени без претходна дозвола од граѓаните кои ја пријавиле повредата“, потенцираат од Хелсиншки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...