fbpx

Хелсиншки комитет го повлекува својот член од Комисијата за помилување?

-

Претседателот Ѓорге Иванов одлуката за аболиција на 56 лица ја донесе еднострано, без консултација со специјализираната Комисија за помилување што работи како помошно тело на претседателот. Ова го тврди извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, која синоќа во емисијата „Ноќен експрес“ на „Канал 77“, најави дека ќе го повлечат својот член.

– Одлуката претседателот ја донесе без одлука на Комисијата, не беше свикан никаков состанок. Сега мислам дека нема никаква поента Хелсиншкиот комитет да учествува во работата на оваа комисија и најверојатно ќе го повлечеме своето членство, бидејќи сметаме дека со чинот што го стори претседателот не само што го прекрши законот, туку го повреди и принципот на поделба на власта и застана над Собранието – изјави Пировска.

Директорката на Хелсиншкиот комитет оценува дека Иванов направил смислен упад во правниот систем со фактот дека на целата постапка и претходеше одлуката на Уставниот суд, а потоа и едностраната аболиција. При тоа, според Пировска, користени се доверливи информации во кои имало и имиња на сведоци во постапките, како што е Коста Крпач, за кој беше кажано дека се самоубил, откако пукал во авотомобил.

– Претседателот не само што помилуваше луѓе за кои не се знаеше дека се субјекти во предистражна постапка, со што ја повреди тајноста на таа постапка, туку тој аболираше луѓе кои немале својство на осомничени или обвинети. Значи, лицето Коста Крпач имало својство на сведок. Тука, но и на почетокот е многу јасно каква цел имал претседателот. Но, останува нејасно од кои причини помилувал сведок – рече Пировска во „Ноќен експрес“.

Во Комисијата за помилување членот од Хелсиншки комитет е докторот по правни науки Воислав Стојановски.

Освен него во комисијата членови се и проф. д-р Никола Јанкуловски, Марко Зврлевски, Благородна Дулиќ, Бекир Исени, д-р Методија Каневчев, Љупка Арсениевска, Стојанче Рибарев, и д-р Нуман Аруч. Претседател на Комисијата за помилување е Василка Јурукоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...