fbpx

„Хајнз“ го купува „Крафт“

-

Компанијата „Х.Ј. Хајнз“ ја купува „Крафт фудс груп“, со што ќе биде создаден третиот најголем производител на храна и на пијалаци во Северна Америка, пренесува „Денар“.

Договорот беше организиран од сопственикот на „Хајнз“, бразилската инвестициска компанија „3 Џи капитал“ и „Беркшир Хатавеј“ на инвеститорот Ворен Бафет.

Акционерите на „Крафт“ ќе добијат акции во новата компанија и специјална исплата од околу 10 милијарди долари, односно 16,50 долари за една акција. Сегашните акционери на „Хајнз“ ќе добијат 51 процент од новата компанија, а остантите 49 проценти ќе бидат на акционерите на „Крафт“.

Во новата компанија ќе бидат марките „Крафт“, „Хајнз“, „Оскар Мејер“ и др.

Управните одбори на двете компании го одобрија договорот, кој би требало да биде завршен во втората половина од годината, иако сè уште е потребно одобрение и од акционерите на „Крафт“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...