fbpx

Харадинај претендира на премиерската позиција

-

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не се откажал од кандидатурата за косовски премиер.

За време на посетата на општина Дечане, тој  изјави дека одлуката на уставниот суд ги променила односите во коалицијата ВЛАН и за вечерва најави состанок на лидерите од блокот, на кој ќе бидат разгледани барањата на ДСК, јавуваат приштинските медиуми.

– Јас сум од сите нив најдобро позициониран и не сум се одрекол од кандидатурата за премиер. Тие што сакат да ја спречат оваа кандидатура, ќе загубат. Во моментов имам некои несогласувања со меѓународниот фактор, но само околу тоа како би изгледала владата на Косово – рече Харадинај.

Лидерот на ДСК, Иса Мустафа, претходно денеска изјави дека ситуацијата на Косово во врска со конституирањето на институциите по парламентарните избори е многу позначајно отколку кој ќе биде на чело на институцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...