Во немирите што избија во Хамбург во пресрет на денешниот состанок на лидерите на 20 најразвиени земји во светот, повредени се 76 лица и голем број демонстранти, соопшти локалната полиција.
Ниту еден полицаец не е потешко повреден, а засега не е познат точниот број на повредени демонстранти.
Во протестите кои беа најавени како мирни, според процените на полицијата, учествувале 12.000 лица, а проблем направила група од околу 1.000 анархисти, кои почнале да фрлат шишиња, камења и петарди кон полицијата.
Безбедносните сили одговориле со водени топови и со солзавец, а немирите бргу се прошириле на повеќе локации во градот.
Неколку возила се запалени, оштетени се излози на продавници и на бакни, а на повеќе места се подигнати барикади.
Демонстрациите кои го организираат антикапиталистички организации ќе бидат одржани и денеска, а ќе ги надгледуваат околу 20.000 полицајци.