fbpx

Хан: Задоволен сум од досегашниот тек на реформи, но останува уште многу работа

-

Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ и од овој пат нема враќање назад, порача денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Османи, кој во Брисел ја предводи македонската делегација составена од 40 лица, која од вчера го почна објаснувачкиот скрининг процес, на прес-конференцијата говореше на македонски, албански и на англиски јазик.

– Македонија вчера и денеска испишува историја. Ова е моментот кој долго го чекавме и се подгототвувавме, сите досегашни влади. Дозволете да констатирам дека успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ. Од тој пат нема назад – рече вицепремиерот.

Хан е задоволен од досегашниот тек на реформи, но наведува дека останува уште многу работи да се завршат. Тој вели дека нема конкретни датуми до кога треба да се спроведат реформите, особено во сферата на правосудството.

– Немам конкретни датуми, но досега сум задоволен со процесот што е направен. Останува многу работа да се заврши до следната година. Ова вклучува и силна посветеност да се испорачаат резултати и затоа ова е причината зошто не сакаме да губиме повеќе време. Затоа сме тука – рече Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...