fbpx

Хан: Вучиќ мора мудро да ја користи власта

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска изјави дека новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, има обврска мудро да ја користи власта по убедливата победа на изборите.

Хан рече дека Вучиќ има „одговорност внимателно да ја користи поддршката што ја добил“ и дека верува во уверувањата на Вучиќ за целосно почитување на уставот.

Еврокомесарот синоќа преку „Твитер“ му ја честиташе победата на Вучиќ и наведе дека очекува соработка со новиот претседател на Србија како „пријател и партнер во пристапувањето во ЕУ“.

Досега пребројаните гласови потврдија дека Вучиќ победил во првиот круг од изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...