fbpx

Хан: Следната недела договор за отворање нови поглавја од преговорите со Србија

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во Белград соопшти дека очекува Европската Унија следната недела да постигне договор за отворање нови поглавја во преговорите за пристапувањето на Србија кон Унијата, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.

– Голем оптимист сум дека може да се отворат нови поглавја и веројатно следната недела ќе имаме состанок на кој ќе се договориме и ќе го соопштиме тоа – рече Хан по средбата со српскиот премиер, Александар Вучиќ.

Српскиот премиер рече дека сигурно ќе биде отворено едно поглавје (поглавјето за јавни набавки) и оти сè уште не е постигната согласност за отворање на уште две поглавја.

Хан и Вучиќ заедно присуствуваа на потпишувањето на договорот меѓу владата на Србија и Европската комисија за финансирање на реформите во јавната управа во Србија, во вредност од 80 милиони евра. Хан рече дека реформите во јавната управа се невидливи, но многу важи и на долг рок неопходни за администрацијата да се вклопи во европските стандарди.

– Како подарок добиваме 80 милиони евра за поддршка на јавната управа. Тие пари ќе ги видите директно во сето тоа што го правиме и го градиме во Србија – рече Вучиќ, додавајќи дека услов за тоа била стабилна макроекономска рамка.
Тој рече дека Србија го трасирала својот пат како лојален и доверлив партнер, кој сака да биде дел од европското семејство.

– ЕУ може да смета на нас, ние сметаме на ЕУ – рече Вучиќ, на што Хан возврати дека ЕУ и Србија се во „ист чамец“ и оти заемно сметаат една на друга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...