fbpx

Хан се сретна со Груевски, Ахмети и со Села и ја истакна важноста на опозицијата за реформите

-

Еврокомесарот за проширување и за соседската политика, Јоханес Хан, денеска во Собранието имаше средби со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и со владејачките коалициски партнери, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Тој по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој беше придружуван од пратеникот Илија Димовски и од Алксандар Николовски, на „Твитер“ напиша дека ја истакнал важноста од конструктивноста на опозицијата за исполнување на реформите.

„Ја истакнаv важноста на нивниот конструктивен придонес во реформите на ЕУ. Напредокот кон патот кон ЕУ е во интерес на граѓаните“, напиша еврокомесарот на „Твитер“.

Хан се сретна и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

„Добар разговор со лидерите на владините коалициски партнери Али Ахмети и Зијадин Села. Истакнав дека стабилноста на тристраната коалиција и доближувањето кон опозицијата се од суштинско значење за конструктивно да се работи на неопходните реформи од ЕУ“, напиша Хан.

Ахмети по средбата рече дека ДУИ интензивно работи за да се исполнат реформите.

– Хан беше многу конкретен во врска со реализирање на реформите во судството и за другите делови за кои се потребни реформи. Беше заинтересиран за евроатланските процеси и јас кажав дека ние работиме интензивно за да се постигнат резултати – изјави Ахмети.

Посветеност кон реофрмите истакна и Села, кој нагласи дека реформите имаат смисла само кога ги чувствуваат граѓаните.

– Се разбира дека господин Хан и нашите меѓународни пријатели се заинтересирани да има стабилност во Владата. Само со стабилна влада ние можеме да бидеме фокусирани на реформите, без да се занимаваме со овие ниски политички игри, кои некој се труди да ги наметне – рече Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...