fbpx

Хан: Потребно е да се спроведат реформите пред да се добие безусловна препорака

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска пред средбата со премиерот Зоран Заев изјави дека испорачувањето резултат во реформските приоритети што Европската комисија ѝ ги достави на Македонија пред две години е клучно за Европската комисија да ја одмрзне препораката за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија.

Тој истакна дека потребен е фокус на реформските приоритети и дека самите избори и формирањето на Владата не се доволни за да се добие препораката.

– Потребни се и реформски напори и ова е нешто што може да се стори и да се почне веднаш, а наесен ќе ја имаме првата оценка – порача Хан.

Прашан за можен почеток на преговорите за интеграција под привремената референца, Хан рече дека не сака да шпекулира поради тоа што сè уште е рано, но изрази уверување дека ќе сторат сè за на ова прашање да му се посвети доволно внимание за да се најде соодветно решение.

– Но, мислам дека ЕУ ја научи лекцијата и се надевам дека ќе најдеме решение барем за да почнеме со преговори. Одговорноста лежи кај одговорните луѓе во земјата. Но, се разбира, ако политичката рамка или политичката клима не беше погодна за отворање на преговорите, ова сигурно не помогна за стабилизирање на земјата и за да ја задржиме на патот на кој беше ­12 години претходно. Ако паметите, пред 12 години, ПЈР Македонија беше најдобар ученик во класот од регионот, што не е случај денес. Фактот дека имаше недостаток на конкретна перспектива, влијаеше на ситуацијата во земјата и ова е поента што ја посочив и затоа мислам дека соседите треба да имаат интерес да придонесат, пред сè во свој интерес на стабилност и вклучување на оваа земја во ЕУ во иднина“, додаде Хан.

На прашање дали е свесен дека покрај Грција, пречка за евроатлантските интеграции е и Бугарија, Хан рече дека знае дека Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов имаат добри односи и изрази надеж дека тоа ќе даде резултат.

– Новоизбраниот премиер ќе дискутира, но сите земји-членки треба да разберат дека не се договорија да се отворат пристапните преговори во последните 8-9 години, што доведе до познатиот развој на настани изминатите две години. Па, претпоставувам и се надевам дека ќе има промена на мислењето за ова и сега нам, на Европејците, ни останува да испорачаме нешто заедно со нашите колеги и пријатели во Скопје – рече Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...