fbpx

Хан: Пофалби до Заев за покажаното лидерство и за подадената рака кон соседите

-

Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство во односот со соседите и за ставањето настрана на политичките и на етничките поделби, напиша еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на „Твитер“ по средбата со премиерот Зоран Заев.

„Добра средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Земјата сврте нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните. Пофалби за премиерот за покажаното лидерство со подадената рака кон соседите и за ставањето настрана на политичките и на етничките поделби“, напиша Хан на „Твитер“.

По тет-а-тет средбата со Заев и со делегацијата на Владата, еврокомесарот Хан учествуваше на тематската седница на Владата на која тема беа итните реформски приоритети.

„Добра и важна размена на мислења со премиерот Зоран Заев и со министрите за реформската агенда на специјалната владина седница. Мило ми што гледам демократска транзиција и посветеност на новата Влада на реформите. Европската Унија е подготвена да ја поддржи земјата во имплементацијата на реформските приоритети и во нејзиното враќање на патот кон евроатлантските интеграции“, напиша еврокомесарот Хан на „Твитер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...