fbpx

Хан по средбата со Бесими: Компромис врз основа на договорот од 2 јуни

-

По средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, во Брисел, Европската комисија посочи дека се разговарало за актуелната политичка криза во земјата, со поглед кон поддршка за напредок во дијалогот помеѓу политичките партии.

Еврокомесарот Хан го повторил својот повик до сите страни, во интерес на земјата и на нејзините граѓани, да се најде траен политички компромис, граден врз договорот постигнат на 2 јуни. Тие, исто така, разговарале за итните реформски приоритети кои Комисијата одблиску ќе ги набљудува во наредните месеци.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...