fbpx

Хан: Кризата во Македонија сè уште не е завршена

-

За Македонија кризата сè уште не е завршена. Има позитивни чекори во однос на Договорот од Пржино, особено со тоа што изборите се закажани за 11 декември и кои се од витална можност за надминување на кризата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната прес-конференција, по презентирањето на извештаите за напредокот на земјите од регионот .

На прашањето на „Мета“ дали Собранието треба да го продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство и да има специјално одделение во судот, Хан одговори дека најважно е да има веродостојни избори, а потоа нова влада, а таа влада треба да се погрижи за овие прашања.

– Прво, мора да се спроведат фер и демократски избори, во согласност со стандардите на ЕУ, а потоа новата влада ќе треба да спроведе реформи и да решава за овие прашања. Сè уште има време и СЈО треба да продолжи да си ја врши работата. Во моментов постои потреба да се направи проценка, но сепак треба да се фокусираме на изборите, на формирањето нова влада, која ќе ги спроведе следните чекори. Целта е Договорот од Пржино целосно да ја реши кризата – рече Хан.

Според еврокомесарот, ситуацијата не е лесна и за земјата и за клучните личности во државата, но СЈО има важна улога во понатамошната стабилизација на политичката ситуација на државата.

– Се надевам дека сите се свесни за својата одговорност, ќе ги преземат потребните мерки и ќе се почитуваат во меѓусебното работење – изјави Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...