fbpx

Хан: Изборите во декември се добар чекор, но тоа е само почеток

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, пред утрешната посета на Македонија, изјави дека е „важно што условите за одржување веродостојни избори се исполнети“.

Како што соопштија од Европската комисија, главна цел на посетата на Хан е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за следните чекори, вклучувајќи го организирањето на предвремените парламентарни избори закажани за декември и имплементацијата на реформските приоритети, кои, како што истакнаа, се од клучно значење.

Комесарот Хан, кој утре ќе се сретне со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество, изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на Скопје.

– Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставувањето на датумот за избори за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е дека условите за веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат во нив – рече Хан.

Еврокомесарот соопшти дека за време на посетата ќе се сретне со сите главни политички соговорници, вклучувајќи ги и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за тоа како да се забрза имплементацијата на итните реформи за владеење на правото.

– Сето тоа е особено важно за државата да направи одржлив прогрес на патот кон ЕУ. Со нетрпение чекам да слушнам од специјалната обвинителка како напредува нејзината работа и со кои предизвици се соочува – рече Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...