fbpx

Хан и Прибе утре во Скопје на разговори за имплементација на реформите

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје на средби со премиерот Зоран Заев, владини претставници, како и со лидери на политичките партии. Главен фокус на неговата посета е имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино.

Од Европската комисија соопштија дека еврокомесарот со новата влада ќе разговара зa акцискиот план за имплементација на реформските приоритети, неопходни за враќање на Македонија на евроатлантскиот пат. На состаноците со владините претставници е предвидено да присуствува и европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој во својот извештај ги нотираше проблематичните сфери во кои треба да се спроведат реформите. Тој и групата европски експерти, како што неодамна изјави Хан, ќе треба да ѝ помогнат на новата влада во спроведувањето на реформските приоритети.

Во пресрет на посетата, Хан соопшти дека и Владата, но и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата на итните реформи и на Договорот од Пржино.

„Земјата, со континуирана помош од Европската Унија, конечно ја надмина политичката криза преку добро спроведени избори и со формирањето на новата влада. Сега новата влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да се врати земјата на нејзиниот пат кон ЕУ-интеграцијата. Реформите мора да бидат спроведени за да се подобри животoт на луѓето, да се работи на стабилноста, напредокот и правдата. Затоа ѝ дадов задача на групата на независни правни експерти, предводена од Рајнхард Прибе, да ѝ помогне и да ја советува новата влада за прашањата за системското владеење на правото“, напиша во петокот Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...