fbpx

Хан: ЕУ мора да ја награди Македонија, во спротивно ризикува нестабилност

-

Македонија треба да биде наградена од ЕУ за напредокот и за договорот со Грција со кој се става крај на 27-годишниот спор за името. Ако не добие награда на конкретен начин тоа ќе има огромен негативен ефект за целиот регион, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во пресрет на денешниот министерски состанок и самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок на кој треба да се донесат одлуки почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Хан предупреди дека евентуалното одбивање на двете земји ќе има негативни последици за стабилноста и европерспективата на регионот.

– Мислам дека сите треба да бидат свесни за тоа и се надевам дека на крајот ќе сфатат колку е важно да се испрати позитивен сигнал за регионот – изјави Хан на состанокот ЕУ и Црна Гора во Луксембург.

Еврокомесарот ги повика земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, нагласувајќи дека тоа би бил позитивен сигнал за целиот регион и потврда на кредибилитетот на Унијата.

– Постигнавме многу, и ако ги погледнете резултатите само од последните неколку месеци ќе видите дека тоа е резултат на европската перспектива. И јас не би можел да разберам ако тоа не биде препознаено, разбрано и наградено на соодветен начин – рече Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...