fbpx

Хан: ЕК ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија

-

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за германскиот весник „Ди велт“.

– Европската комисија наскоро, најверојатно до крајот на летото, ќе препорача земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешната југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји изминатиот период направија значајни реформи и затоа се квалификувани за овој чекор – вели Хан.

За Македонија се наведува дека е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и прави напори за решавање на спорот за името со соседна Грција кој датира уште од прогласување на независноста на земјата во 1991 година.

Хан укажува на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дадена вчера по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев дека решението на овој спор „никогаш не било поблиску“.

Албанија, пак, е кандидат за членство во ЕУ од 2014 година и според Хан „досега направила многу во борбата против организираниот криминал“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...