fbpx

Хан: Доколку се повторат насилствата ќе биде загрозен патот на Македонија кон ЕУ

-

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник „Стандард“ вели дека нападот врз македонскиот парламент нема да има последици врз шансите за почеток на преговори со ЕУ само доколку не се повтори.

– Не очекував ваков напад врз Собранието, но нештата за жал некогаш тргнуваат и наопаку. Доколку тоа создава впечаток дека земјата сега автоматски ќе биде исфрлена од процесот на придружување, одговорот е не. Во парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес. Ќе биде неправедно сега да кажеме, со тоа заврши перспективата за придружување. Напротив, се надевам дека случувањата ќе бидат аларм за будење. Доколку се повторат, тогаш ќе биде загрозена европската перспектива– вели Хан.

На прашањето какви можности за санкции кон Македонија постојат со оглед дека со земјата не е отворен процесот на преговори, туку има само кандидатски статус, Хан вели дека доколку демократскиот процес и натаму се попречува, нема да почнат преговори за придружување кон ЕУ.

– Со години постои јасна препорака од Комисијата дека треба да почнат преговори со земјата. Но, тоа не се оствари поради вето од две членки на ЕУ, Грција и Бугарија. Пред 10 години, Македонија беше земја за пример во регионот, во меѓувреме се лизна. Од пред две години вложуваме многу напори, да ја вратиме земјата на европскиот пат. Тоа функционираше со изборите, но не и со составувањето на Влада, која е блокирана затоа што парламентарното мнозинство не е признаено од долгогодишната владејачка партија. Но, демократијата значи и промени: доколку демократскиот процес и натаму се попречува, ние нема да можеме да го одржиме нашето ветување за почеток на преговорите за придружување – вели Хан во интервјуто за „Стандард“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...