fbpx

Хан денеска на средби со Владата за имплементацијата на реформските приоритети

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска доаѓа во посета на Скопје, каде ќе присуствува на седница на Владата, посветена на реформските приоритети, а потоа, како што соопштија од владината прес-служба, ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

За време на посетата на Хан, предвидени се и средби со лидерите на политичките партии.

Во соопштение пред посетата на Македонија, од петокот минатата недела, Хан истакна дека новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...