fbpx

Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички причини

-

Ги повикувам сите политички лидери да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини, им порача еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“.

Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала длабоката политичка криза со демократски средства.

– Земјата отствари значителен напредок со спроведувањето на Пржинскиот договор и реформските приоритети со нова, реформски ориентирана и проевропска влада. Посебно важни за одбележување се напорите на владата на Зоран Заев за добрососедски односи. По договорот за пријателство со Бугарија, конечно, по 27 години јалови обиди под посредништво на ОН, спорот за името меѓу Скопје и Атина е е решен. Овој историски договор е важен чекор кон остварување на евроатлантските перспективи на земјата – вели Хан, ословувајќи ја земјава „Поранешна југословенска република Македонија“.

Тој потсетува дека за успешен договор неопходен е и успешен референдум.

– Поради тоа, ги повикувам сите политички чинители конструктивно да работат за да ја постигнат оваа цел, а не да го загрозат напредокот поради дневно-политички интереси. Се работи за иднината на земјата, поради што референдумот за договорот со Грција и новото име треба да се спроведе што е можно поскоро. Ратификацијата и успешниот референдум се суштински чекори на патот кон членство во НАТО и ЕУ – потенцира еврокомесарот Хан.

На прашањето дали 2025 година, која во Стратегијата се наведува како година за можно проширување на ЕУ, е премногу далеку за земјите кои сакаат да бидат дел од Унијата, Хан потенцира дека тој индикативен датум не е предалеку, бидејќи за реформи и усвојување на стандардите на ЕУ е потребно време. Тој вели дека не станува збор само за промена на законите, туку и за нивна примена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...