This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Sep 22 9:04:07 2018 / +0000 GMT

Хан: Ако сега не ја искористите приликата, вратата на ЕУ ќе остане затворена со децении




Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за МИА вели дека ако референдумот не помине, ако нема договор со Грција, Македонија ќе биде блокирана, има ризик од изолација и која дефинитивно ќе го забави економскиот и социјалниот развој на земјата.

„Работиме на тоа земјата да стане полноправна членка на ЕУ, но не се работи за зачленување во ЕУ туку за подобрување на условите за живот на граѓаните, да се има перспектива да се остане во земјата, да не мора да заминуваат од земјата. Не би требало во 21 век целта на една земја да зависи од дознаки и слично. Идејата е да се создаде нешто повеќе ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие се  добавувачи, и се заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана, тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето“, вели Хан кој во понеделник ќе ја посети Македонија.

Тој исто така вели дека „разбира дека никој не е задоволен, ниту кај нас ниту во Грција, но треба да се премери што значи да се стане членка на ЕУ и кои се последиците ако тоа не е возможно.“

„Бидејќи ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата“, додава Хан.
Post date: 2018-09-14 10:42:18
Post date GMT: 2018-09-14 08:42:18
Post modified date: 2018-09-14 10:42:18
Post modified date GMT: 2018-09-14 08:42:18
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com