fbpx

Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска

-

САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница.

Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот, кои се сочувани на мобилни уреди, а му припаѓале на чиновник од опкружувањето на потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Според хакерската група, тајните документи даваат реална претстава за обемот на американските финансии во украинската војска. Информациите се добиени за време на посетата на Бајден на Киев, на 20 и на 21 ноември.

Од документите се дознава дека стотина илјади долари пристигаат на личните сметки на војниците, а одредени офицери ги користат средствата за лични потреби.

Во посебен документ, на кој се потпишани американскиот претседател, Барак Обама, и државниот секретар, Џон Кери, стои дека САД планира да ѝ дадат на украинската армија контрабатериски радари, но и друго вооружување.

Украинското министерство за одбрана побара од САД 30,7 милиони долари за воено-техничка помош. Според „Киберберкут“, од овие средства треба да бидат обезбедени радиосистеми, системи за навигација, системи за набљудување за крајбрежната стража, роботи за набљудување, униформи и лична опрема, опрема за ноќно набљудување, топловизори и компјутерска опрема за Националниот воен универзитет во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...