fbpx

Хајредини: ДУИ и осумтемина „одметнати“ ќе ги деактивираат и СЈО и бомбите

-

Владиниот коалициски партнер ДУИ е непремостива пречка за постоењето на Специјалното јавно обвинителство и понатамошното објавување на „бомбите“, смета аналитичарот и колумнист Џевдет Хајредини, кој додава дека судбината на СЈО ја запечатуваат и осумтемина пратеници „одметнати“ од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта, нагласува Хајредини, ниту без едните, ниту без другите нема да може да спроведе ниедна реформа за која е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

– Потенцијална „бомба“ за реформите кои треба да се спроведат, за сите закони за чие носење е потребно двотретинско мнозинство, нема да се надмине отпорот на коалицискиот партнер ДУИ кон продолжувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство – смета Хајредини.

Тој потсетува дека формирањето на СЈО било најтешката тема на преговорите за Пржинскиот договор, и оти ова обвинителство било формирано со обврска да престане понатамошното јавно објавување на „бомбите“, односно нелегално прислучуваните разговори.

Според Хајредини, запечатувањето на судбината на СЈО е услов за гласовите на ДУИ во реформите на администрацијата, правосудството, но и Изборниот законик.

– За такви реформи се потребни 80 пратеници, од ДУИ не ќе може воопшто да се очекува да се сложат „бомбите“ да се објават од било која страна, а се заканува опасност да се појават од разни страни – вели Хајредини.

Дополнителна пречка за понатамошното постоење на СЈО, смета Хајредини, се и осумтемина „одметнати“ пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Многу од овие работи им одговараат и на тие осум пратеници – вели тој.

Хајредини потсетува дека меѓународната заедница постојано ја нагласува важноста на работата на СЈО и потребата почнатите истраги да добијат ефективни затворски казни. Тоа го нагласи и државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој порача дека мора да продолжат истрагите поврзани со прислушуваните разговори и Специјалното јавно обвинителство, поради неизвесноста неговиот мандат да се продолжи со двотретинско мнозинство, да се интегрира во редовните структури на Обвинителството.

На 30 јануари Врховниот суд на општа седница утврди начелно правно мислење дека СЈО не може да постапува по „трокот на траење“ од 18 месеци, предвиден со законот со кој е формирано. Судот расправал за СЈО по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов.

–  Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка – соопшти Врховниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...