fbpx

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

-

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра.

– Причина за овој судски процес во кој фирмата „ТЕ-ТО“ предлага стечај сама на себе е пресудата на Врховниот суд од 27 декември 2017 година, во која, Врховниот суд го прифаќа барањето на „Топлификација АД“, дека заемите дадени од „Топлификација АД“ на „ТЕ-ТО“ во периодот на градба на објектот се достасани и „ТЕ-ТО“ треба да и плати на „Топлификација“ АД околу 6,3 милиони евра главен долг, а со камата, „ТЕ-ТО“ треба да и плати на „Топлификација“ 11,4 милиони евра. Имајќи предвид дека оваа тужба на „Топлификација“ е за дел од заемите дадени во периодот на градба на објектот, вкупниот долг на „ТЕ- ТО“ кон „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра со камати пресметани до 1 март 2018 година. Доколку оваа стечајна постапка на „ТЕ-ТО“ се реализира, како што е замислена, штетата на „Топлификација“ ќе биде над 30 милиони евра – рече директорот на „Топлификација“ АД, Димитар Хаџи-Мишев.

Тој додаде дека имајќи предвид дека дел од побарувањата на „Топлификација“ од „ТЕ-ТО“ се реинвестирани кредити кои „Топлификација“ ги добила од „Комерцијална банка“, доколку се реализира стечајот како што е замислен, сериозни штети може да има и банката-кредитор.

„Врховниот суд одлуката ја носи во декември, одлуката станува извршна на 2 април 2018 по доставување на истата на тужениот. Во меѓувреме „ТЕ-ТО“ започнува активности со серија незаконитости со цел преку лажен стечај да спречи извршување на судската пресуда на „Врховен суд“ и да ја оштети „Топлификација“ за над 30 милиони евра – додаде Хаџи-Мишев.

Овој судски спор, како што рече Хаџи-Мишев, нема да се одрази на испораката на топлинска енергија кон граѓаните, но неисплаќањето на 30 милиони евра ќе има сериозно влијание врз работењето на компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...