fbpx

Гужва пред СЈО: Јанакиески, Димитриев, Рангелова и Ременски дојдоа, на ред се Груевски, Димовски…

-

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени.

Димитриев во СЈО се задржа околу еден час, а беше придружуван од адвокатот Никола Додевски., кој е бранител на повеќето осомничени во случаите што ги води СЈО.

Околу 12 часот, во просториите на СЈО се појави пратеничката Даниела Рангелова, која исто така е осомничена во случајот „Талир“. И таа, како што изјави, ќе побара увид во доказите.

Рангелова рече дека не се чувствува виновна, а прашана како партијата се стекнала со толкав имот, рече дека за тоа треба да се праша тој што го стекнал имотот.

Како што дознаваме, СЈО испратило покани до сите 11 осомничени да дадат исказ за „Талир“ во просториите на обвинителството. Инаку првоосомничен во случајот е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде според информациите треба да даде исказ за случајот „Талир“ во кој и тој е еден од осомничените.

Инаку во Специјалното јавно обвинителство денеска беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Таа по излегувањето изјави дека била повикана во својство на оштетена, чии телефони, три години биле незаконски прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Неофицијално, Груевски, Илија Димовски и Кирил Божиновски денеска нема да дојдат на распит бидејќи наводно не ги добиле поканите. Се очекува тие да се појават в понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...