fbpx

Гуру во Индија осуден на 10 години затвор, војската на готовност

-

Контроверзниот гуру Гурмит Рам Рахин Синг е осуден денеска во Индија на 10 години затвор поради силување на две свои следбенички.

Пред изрекување на пресудата, во Рохтак, град на северот од Индија, е воведен полициски час, а владините сили добиле дозвола да користат оружје во случај да дојде до насилство.

За време на протестите на илјадници негови следбеници најмалку 38 лица загинаа, а стотици се повредени.

Железничкиот и автобускиот сообраќај се суспендирани за да се спречи доаѓање и собирање на следбениците на гуруто. Околу затворот има засилени мерки на безбедност, а владините сили добиле дозвола да користат и оружје за разбивање на насилството.

Случајот со силувањето е откриен во 2002 година, кога до тогашниот индиски премиер Атал Бихари Вајпај стигнало анонимно писмо во кое гуруто се обвинува дека повеќе пати силувал неколку жени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...