fbpx

Ѓуровски го повика Бабунски за дуелот со Словачка

-

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ја соопшти листата од 20 фудбалери за квалификацискиот натпревар против Словачка, во која овојпат имаше место за еден од најперспективните млади фудбалери во Македонија, Давид Бабунски.
Фудбалерот на Барселона имаше брилијантна партија за младата репрезентација на натпреварот со Романија, па Бошко Ѓуровски истакна дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој натпревар.
– Го следев настапот на Бабунски против Романија, а ова е награда за она што тој го направи на тој дуел. Сите знаеме за каков голем потенцијал станува збор, но тој треба уште да работи за да напредува како фудбалер. Лично, не бев задоволен од неговите игри на турнејата која ја имавме во Австрија и во Италија, но тоа не беше случајот и со Романија – изјави Ѓуровски, кој во продолжение направи куса анализа на досега прикажаната игра на актуелниот лидер во нашата квалификациска група.
– Ќе играме против тим кој освои девет бода по првите три натпревари, што доволно говори за каков силен состав станува збор. Можеби не играат премногу атрактивен фудбал, но затоа покажаа дека се многу опасни на контранапади. Во нападот имаат имиња како Хамшик, Вајс и Мак, но сметам дека нивна слабост е одбраната. Треба да одиграме храбро и паметно, а доколку се повтори играта од Украина, мислам дека имаме шанси за добар резултат – додаде македонскиот селектор, кој во репрезентацијата го врати и актуелниот член на Мелбурн виктори, Даниел Георгиевски.
Квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Словачка е закажан за 15 ноември, на Националата арена „Филип Втори“ со почеток од 20:45 часот.
Листа на повикани фудбалери за натпреварот против Словачка:
ГОЛМАНИ:
Томе Пачовски (Мехелен, Белгија)
Мартин Богатинов (Ермис, Кипар)
ОДБРАНА:
Стефан Ристовски (Парма, Италија)
Даниел Георгиевски (Мелбурн, Австралија)
Даниел Мојсов (Бран, Норвешка)
Ванче Шиков (Австрија В., Австрија)
Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија)
Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија)
СРЕДЕН РЕД:
Аријан Адеми (Динамо З, Хрватска)
Никола Глигоров (Вардар)
Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија)
Александар Трајковски (Цулте Варегем, Белгија)
Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија)
Аце Стојков (Работнички)
НАПАД:
Адис Јаховиќ (Крилја Советов, Русија)
Јован Костовски (Леувен, Белгија)
Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија)
Агим Ибраими (Марибор, Словенија)
Крсте Велкоски (Сараево, БИХ)
Мирко Ивановски (Клуж, Романија)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...