fbpx

Ѓулен не верува дека САД ќе го екстрадираат во Турција

-

Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник и жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценува дека барањето на властите во Анкара тој да биде екстрадиран од САД поради неговата наводна вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, е однапред осудено на неуспех, јавуваат светските агенции.

Ѓулен претходно ги отфрли сите обвинувања на Анкара дека стои зад обидот за пуч во Турција.

Тој во интервју за неколку медиуми, што го дал во својот дом во градот Сејлорсбург, во Пенсилванија, каде живее во доброволен егзил од 1999 година, рекол дека „лично не е засегнат“ од евентуалното барање на Турција за негова екстрадиција.

„САД се земја на законот. Законот овде суверено владее. Не верувам дека владата ќе обрне внимание на нешто што е правно неосновано“, рекол Ѓулен.

Турскиот претседател, Ердоган, кој движењето на Ѓулен, „Хизмет“, го смета за терористичка организација, за „Си-ен-ен“ изјави дека во наредните денови ќе биде поднесено и официјално барање за екстрадиција на 75-годишниот имам од САД во Турција.

Сепак, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Анкара ќе мора да достави „докази, а не тврдења“, против Ѓулен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...