На почетокот од годинава се појавија гласини дека „Гугл“ планира да влезе на пазарот на мобилни оператори. Сега се појавуваат информации за нивното решение за роаминг.
Иако цените на роамингот почнаа да се намалуваат, повиците, пораките и мобилниот интернет во странска држава претставуваат голем трошок за многу корисници. „Гугл“ сака да застане на патот на овие трошоци и да го реши проблемот за сите.
Челниците на компанијата веќе почнале преговори со неколку оператори за на корисниците да им обезбедат бесплатен роаминг во повеќе држави во светот. Поради комплексната процедура, засега овој процес е ограничен на корисниците од САД, но се планира проширување на други држави.
Второто барање е за бесплатен роаминг за корисниците што поседуваат телефон „нексус“ и тоа, најверојатно, се однесува само на последната генерација телефони.