fbpx

„Гугенхајм“ не дава слика на Ван Гог за Белата Куќа, нуди шолја за тоалетот

-

Белата Куќа во септември годинава побарала од музејот Гугенхајм во Њујорк да и ја позајми сликата „Пејсаж со снег“ на Винсент Ван Гог, насликана во 1888 година, за со неа да го украси резиденцијалниот дел од Белата Куќа, во кој живеат претседателот на САД и првата дама, Доналд и Меланија Трамп.

Одговорот што стасал од Ненси Спектор, главниот кустос на „Гугенхајм“ бил дека тоа барање не може да биде задоволено ама затоа може да ја позајмат скулптурата „Америка“ за тоалетот. „Америка“ е тоалетна шолја, од 18-каратно злато, дело на уметникот Маурицио Кателан, која изминатава година беше „изложена“ во музејот, известува весникот „Вашингтон Пост“, кој тврди дека има копија од електронското писмо што Спектор го испратила до Белата Куќа.

Целосно функционалната златна тоалетна шолја, критичарите на уметноста ја оквалификуваа како сатира за преголемото богатство во САД. Изминатава година таа беше во тоалет на петтиот кат на музејската зграда, каде сите посетители можеа да ја користат како секоја друга тоалетна шолја.

Бидејќи изложбата по една година траење е завршена, шолјата е на располагање „доколку претседателот и првата дама се заинтересирани да ја инсталираат во Белата Куќа, напишала Спектор, која е критичар на Трамп.

„Уметникот би сакал да ја понуди на Белата Куќа како долготрајна позајмица. Шолјата, се разбира, е екстремно вредна и лесно оштетлива, но ќе ви ги дадеме сите инструкции за нејзино инсталирање и за одржување“, напишала Спектор во електронското писмо цитирано од „Вашингтон Пост“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...