!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Грујовски и Бошковски упасени во Солун


       
Скопје, 18 октомври, 2017 - 23:27 (META) 

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, вечерва се уапсени во Солун.

„Мета“ дознава дека грчката полицијата постапила по меѓународната потерница која е распишана од македонските власти и по лоцирањето, ги привела.

Од МВР сè уште не ја потврдуваат официјално оваа информација и рекоа дека дополнително ќе известат.

Министерството за внатрешни работи на 30 јули ги објави потерниците за Горан Грујовски и за Никола Бошковски кои се во бегство.

Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да утврди кој нелегално прислушувал во земјава со години. И двајцата се недостапни за органите на прогонот откако судот донесе одлука да бидат ставени во притвор поради вршење притисок врз сведоци.