fbpx

Груевски: Засега не се враќам на позицијата премиер

-

Одлучив засега да не се враќам на позицијата претседател на Владата, бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен – вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во новото продолжение на интервјуто дадено за порталот „Телеграф“.

Запрашан „зошто не се вратил на позицијата претседател на Владата“, меѓудругото вели дека, ако сега се врател на таа функцијата, многумина ќе помислеле дека можеби ја внесува земјата во некаков ризик.

– Мене тоа не ми е приоритет. Приоритет ми бил заедничкиот успех како партиски, така и државен. Ако ова придонесе и малку да се намалат тензиите во општеството, тоа ќе е уште подобро. Од друга страна, можеби ова ќе ми помогне малку повеќе да се посветам на партиските активности и партијата подобро ќе ја подготвам за следните избори – вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека народот на избори довербата ја дава на партијата и на нејзиниот лидер, а не на владата, па оттука најавува уште позасилено темпо на терен.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...