fbpx

Груевски: Заев се заканува за да го одржи моралот во партијата

-

Заканите од лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев со кривична пријава се дел од фолклорот за кревање на моралот за нивното членство, вели премиерот Никола Груевски во коментар за изјавата на Заев дека откако ќе биде избран специјалниот обвинител ќе ги поднесе кривичните пријави.

– Тоа е дел од фолклорот на Заев кој изминатиот период има тешка задача да го одржи моралот и духот меѓу неговото членство. Како што знаете, во минатото говореше дека за три дена ќе падне Владата. Потоа ја смени изјавата и кажа дека нема да падне за три дена, туку ќе падне за 30 дена, па дека ќе падне за 45 дена, па за 60 дена итн. Во меѓувреме ништо од сите тие работи не се реализира. Сега откако излегоа многу домашни и меѓународно признаени испитувања на јавното мислење и проценки на релевантни меѓународни институции за тоа какво е расположението на граѓаните за наредните избори и кому ќе му ја дадат довербата се виде дека граѓаните убедливо и силно ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Груевски.

На Заев, како што рече Груевски, му е потребна нова приказна за да го одржи неговото членство во некаква надеж, а тоа е дека ќе има некакви апсења, дека ќе има обвиненија и дека на тој начин СДСМ ќе добие некаква шанса.

– Човекот мора да се снаоѓа, мора нешто да им каже на луѓето да се борат дека има некаква шанса да победат односно да го добијат мнозинството од гласовите на граѓаните. Така што тоа е дел од неговиот фолклор за одржување на атмосферата во неговата партија. Нека продолжи така, а ние ќе продолжиме со проекти, со исполнување на нашата програма и со помагање на народот и на граѓаните – рече премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...