fbpx

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

-

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР задолжен за јавни набавки, Ѓоко Поповски.

На почетокот на судењето, по доцнењето на поранешниот премиер, судијката предупреди обвинетите во иднина да доаѓаат на време.

Во процесот „Тенк“ на Јанкулоска и Поповски им се суди за злоупотреба на службената положба и овластување, а на Груевски за „незаконско примање награда“.

Адвокатот на обвинетиот Ѓоко Поповски на почетокот побара да се одложи рочиштето, бидејќи вчера бил ангажиран од обвинетиот поранешен помошник- министер во МВР и бара дополнително време за да се запознае со предметот. Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, пак, даде приговор на начинот на кој визуелно и тонски се снима рочиштето бидејќи, како што рече, не е директно поврзано и дел од АКМИС системот, туку се внесува отпосле. Тој имаше забелешка и на тоа што записникот се води дактилографски, а не стенографски.

Дангов имаше идентичен приговор и на рочиштето за случајот „ТНТ“, минатата недела, кога рече дека двете камери со коишто се снима судењето се „свадбарски“.

Судијката Добрила Кацарска рече дека наводите на Дангов се неосновани.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, во однос на барањето на адвокатот на Ѓоко Поповски рече дека на обвинетиот треба да му се овозможи адвокат по сопствен избор, но побара од судот да им укаже на обвинетите и нивните бранители да не го прават тоа во иднина, односно во последен момент да назначуваат нови адвокати.

Потоа судијката Кацарска го прифати барањето на адвокатот на Поповски и го одложи рочиштето за 12 февруари, а закажа термини и за 13 и 16 февруари.

Адвокатот на Груевски, Боро Тасевски се пожали на набиена агенда на различните предмети на СЈО, велејќи дека одбраната не може за еден ден да се подготви од едно за друго судење и побара судот да го има тоа предвид и да има подобра координација меѓу судечките совети во судот при закажувањето на судењата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...