fbpx

Груевски: За пораз на избори најодговорен е лидерот на партијата

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не кажува експлицитно дали ќе си поднесе оставка од лидерската позиција доколку партијата изгуби на локалните избори, но, сепак, смета дека во таков случај „одговорноста на претседателот е најголема“.

– Се разбира дека најголемата одговорност ја носи претседателот на партијата секогаш – рече Груевски, одговарајќи на прашањето дали ќе си поднесе оставка ако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на локалните избори, во емисијата „200“ на „Алсат-М“.

Прашан што ќе значи за него победа на локалните избори – повеќе општини или повеќе гласови, Груевски вели дека и двете работи се важни.

– Секако, бројот на општини е еден од најважните репери, значаен е и бројот на гласови. Бројот на општини на локални избори е веројатно поважен од бројот на гласови, но и двете се важни – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со насилствата од 27 април, Груевски изјави дека тој настан не требало да се случи, но дека голема вина за него имале постапките за избор на претседател на Собранието. Тој вели дека не може да каже дали пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отворале вратите на Собранието и дека тоа е нејасно и треба да се расчисти.

– Јас бев првиот политичар кој јавно реагираше. За жал, тогаш бев на службено патување во Виена и веднаш штом ме извадија од состаноците, ми го прекинаа состанокот откако дознаа луѓето со мене дека има таков настан, бев првиот што прво преку социјалните мрежи, а потоа и вечерта кога се вратив и на прес-конференција реагирав. Нормално, разговарав и со моите луѓе таму и ги охрабрував да влијаат во правец на смирување на страстите и во заштита на тие што се нападнати – рече Груевски.

Прашан за став околу бегството на поранешниот шеф на петтата управа, Горан Грујовски, и на Никола Бошковски, вработен во УБК, Груевски изјави дека не знае и не може да каже зошто тие избегале, додавајќи дека земјава е во период во кој се води политичка хајка против неистомислениците на сегашната власт, а особено против поранешни државни функционери и против раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...