fbpx

Груевски: Во септември се отвораат три фабрики, а две ќе почнат да се градат

-

Три нови фабрики ќе отпочнат со работа, а на две ќе започнат да се градат во текот на месец септември, изјави денеска премиерот Никола Груевски, додавајќи дека со тоа ќе отвораат вкупно 2.750 нови работни места.

– Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“ која кога ќе ги пополни своите капацитети треба да има најмалку илјада директно вработени плус индиректно. Исто така, „Дијатек“ треба да има најмалку 250 директни вработувања и австриската компанија во Виница која што веќе почна со пробно производство која треба да отвори 250 работни места – рече Груевски додавајќи дека следниот месец почнува изградбата на фабриките на „ОДВ Електрик“ и на „Кондево“, а во октомври или ноември треба да заврши и градењето на „Ејплленд“ во Ресен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...