fbpx

Груевски во Прилеп вети три нови инвестиции, 2350 вработувања и подолго породилно

-

На народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, лидерот на партијата, Никола Груевски, најави три инвестиции и нови 2350 вработувања.

– Да ги најавам германската фирма „Акомпласт“, која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и со 250 вработувања. Првите вработени овој месец ќе се испратат на усовршување во матичната фирма во Германија – истакна Груевски.

Втората инвестиција е на италијанската компанија „Бизи енд Бузи“ која ќе произведува расветни тела и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од две години ќе вработи повеќе од 100 лица.

Груевски најави дека американската компанија за производство на етанол „Гентем“, ќе отвори фабрика во слободната економска зона која треба да биде готова во октомври.Инвестицијата чини 20 милиони евра, а ќе бидат вработени 2000 луѓе.

Тој најави и и можност за откуп на работниот стаж заклучно со 31.12 2008 година,од страна на онаа категорија на граѓани чиишто фирми во кои порано работеле, пропаднале.За оваа мерка, ќе следуваат законски измени.

Пред граѓаните на народниот собир, најави и изградба на нови патишта, водоводна и канализациска мрежа во тој регион, како и реконструкција на железничката станица во Прилеп, но и изградба на 75 социјални станови.

Премиерот, исто така, посочи дека платеното породилно отсуство на жените што се породиле со две или три деца од 12 ќе биде зголемено на 15 месеци. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...