fbpx

Груевски во Новаци: Почна исплатата на обесштетувањата од поплавите

-

Денеска почна исплатата на обесштетувањата од поплавите за граѓаните од општина Новаци, а еден дел од нив веќе ги имаат парите на своите сметки, истакна премиерот Никола Груевски, кој попладнево ги посети општините Битола и Новаци.

Според Груевски, за два-три дена ќе бидат обесштетени сите граѓани на Новаци, а во наредните денови и недели паричен надомест ќе добијат и граѓаните од другите општини во земјава што претрпеа штети од поплавите.

– Тоа што во април го ветив, почна со реализација на стопроцентно обесштетување на оштетените граѓани од пролетните поплави. Според тоа, ветеното веќе почна да се реализира – рече Груевски.

Тој посочи дека Владата се решила на обесштетување од 100 отсто затоа што станува збор за редок вид поплави кои се случуваат еднаш во еден век, а во Македонија не се паметат во изминатите 35 до 40 години.

– Но, земјоделците мора да се навикнат, како во секоја друга држава во светот, да ги осигуруваат своите посеви. Од анализите што ги правевме со Сојузот на земјоделците, дојдовме до пресметка дека профитот на едно земјоделско семејство е околу 700 евра, а за осигурување треба да се одвојат само седум до осум евра – рече премиерот.

Владата за граѓаните кои претпреа штети од пролетните поплави обезбеди 22 милиона евра, од нив 12 милиони евра ќе бидат доделени за обесштетување на имотите, додека 10 милиони ќе бидат вложени за инфраструктурно уредување, изградба и за реконструкција на објекти, патишта и на мостови што беа оштетени од поплавите.

За време на посетата на Новаци, Груевски го пушти во употреба новото спортско игралиште во училиштето „Славко Лумбарковски“, а во Битола го посети реконструираното училиште „Коле Камински“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...